• вторник, 13 август 2024

Алкараз: Сакам годината да ја завршам како прв светски рекет

Алкараз: Сакам годината да ја завршам како прв светски рекет

Синсинати, 13 август 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги кажа своите цели за до крајот на сезоната.

Оваа недела Шпанецот ќе настапи во Синсинати, каде лани стигна до финалето.

- Се разбира, секогаш се стремам кон првото место. Трката за АТП шампионатот е важна за мене. Сум фокусиран да играм одличен тенис на секој турнир, да добивам добри резултати и да победувам. А да ја завршам сезоната прво сега е една од моите главни цели. Затоа, навистина сакам да го постигнам тоа, изјави Алкараз.

Тој зборуваше и за својот одмор по Олимпијадата.

- Ми требаше да се исклучам од тенисот неколку дена. Мило ми е што повторно ќе играм овде, среќен што се враќам. Секако, има одлични спомени од минатата година. Стигнав до финалето и загубив од Новак Ѓоковиќ во многу интензивен, епски натпревар. Сакам да го играм овој турнир, па со нетрпение го очекувам, потенцира Шпанецот.

Во Синсинати, Алкараз е втор носител, прв фаворит за трофејот е Јаник Синер од Италија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан