• петок, 05 декември 2025

Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“

Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“

 

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид во салата „Брис Трајковски“ во Скопје ќе му бидат домаќини на атински АЕК во реванш финалето во ЕХФ Европскиот Куп, објави попладнево актуелниот македонски вицешампион.

Претходно денеска беше потврдено дека првиот натпревар во Атина ќе се игра во „Сунел арена“ во Атина со капацитет од 9.000 седишта.

Првиот натпревар во Атина е на програмата на 18 мај од 18 часот, додека реваншот во Скопје една недела подоцна со почеток во 20:30 часот.

Пред ракометарите на Алкалоид се два историски натпревари во обид да го освојат првиот европски трофеј во клупската историја. ег

ФОТО: РК Алкалоид/Фејсбук

Остани поврзан