• четврток, 21 ноември 2024

Алкалоид сигурен на стартот на машкиот Европски куп во шах

Алкалоид сигурен на стартот на машкиот Европски куп во шах
Струга, 19 септември 2021 (МИА) – Воведното коло на 35. Европски клупски куп во шах во машка конкуренција донесе очекувани резултати и висок триумф на првиот фаворит за титулата, скопски Алкалоид, кој со 5:1 го совлада Лундс од Шведска. Победи за Алкалоид забележаа велемајсторите Шахријар Мамеѓаров, Сам Шанкланд, Јури Криворучко, Ернесто Инаркиев и Александар Предке, а единствениот пораз го претрпе интернационалниот мајстор, Филип Панчевски. Од македонските клубови, покрај Алкалоид, на Европскиот клупски куп настапуваат и Прилеп, Гостивар и Гамбит Асеко во конкуренција на 38 екипи од 24 држави. Меѓу 86. велемајстори на Европскиот куп во Струга настапува и светскиот првак Магнус Карлсен. Најголем фаворит за титулата е Алкалоид, со просечен рејтинг од 2 702 бодови, пред рускиот Медњи всадник (2 694) и АВЕ Нови Бор (2 677) од Чешка. ег/ар/

Остани поврзан