• понеделник, 23 декември 2024

Алкалоид одигра нерешено со Нови Бор во шестото коло на Европскиот клупски куп

Алкалоид одигра нерешено со Нови Бор во шестото коло на Европскиот клупски куп

Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Шахистите на Алкалоид одиграа нерешено 3:3 со двократниот европски првак Нови Бор од Чешка во 6. коло од Европскиот клупски куп. 

Реми одиграа, Арјун Еригаиси, Читамбарам Аравинд, Ји Веи и Јангји Ју, загуби Велимир Ивиќ додека цел поен освои Александар Инѓиќ.

Нови Бор е лидер со 11 бодови, зад него со 10 бода се уште шест екипи, Алкалоид, Шартре, Туркиш Ерлајнс, СуперЧес, Бајеган Пендик и Тајфун.

Во последното коло утре, сите тие имаат меѓусебни дуели: „Нови Бор“ игра со „СуперЧес“, додека „Алкалоид“ го доби „Шартре“ предводен од легендарниот Василиј Иванчук. Турските клубови „Бајеган Пендик“ и „Туркиш Ерлајнс“ ќе играат меѓу себе, а словенечкиот „Тајфун“ ќе игра со „Сентименто Ајка“ од Унгарија.

Шахистите на „Алкалоид“ со победа ќе бидат во трката за медал, но резултатите од другите средби ќе влијаат на распределбата на местата на пиедесталот. зс/

Фото: ШК Алкалоид

Остани поврзан