• недела, 22 декември 2024

Алијанса на Албанците на Таравари со вонреден конгрес за консолидирање на партиските редови

Алијанса на Албанците на Таравари со вонреден конгрес за консолидирање на партиските редови

Тетово, 10 ноември 2024 (МИА) – Алијансата за Албанците на претседателот Арбен Таравари денеска во Тетово почна со одржување на најновиот вонреден петти конгрес под мотото „Промената продолжува“. Партискиот лидер објасни дека вонредниот конгрес следува поради потребата од консолидирање на партиските ограноци.

- Алијанса за Албанците по изборите на 8 мај имаше случувањата внатре во партијата. Имавме приклучување на многу нови луѓе кои се приклучија. Сега ни требаше консолидација на сите ограноци и подограноци. И денес, Собранието на партијата ќе биде консолидирано дефинитивно. Ќе донесеме нови политики на партијата коишто ќе бидат со една декларација денеска донесени заеднички од конгресот на партија, изјави Арбен Таравари.

На новинарско прашање за правниот статус поради поделбата на партијата Таравари очекува судска одлука во корист на членовите кои се мнозинство.

- Судскиот процес тече, апелација донесе одлука во којашто првичната одлука под притисок што беше пред избори на судот во Тетово се одбива. Се надевам дека ќе има одлука како што треба партијата да им припаѓа на тие коишто се членови, кај што се мнозинството, рече Таравари.

Претседателот на оваа партија вели дека нема проблем да има избори, но не гледа потреба за вонреден термин.

- Генерално нема никаков проблем за избори, меѓутоа знаете дека избори имавме пред 4, 5 месеци. Нема логика повторно да имаме, меѓутоа ако имаме широк консензус меѓу сите партии дека ни требаат избори, нема никаков проблем и ако не гледам потреба повторно, ние сигурно ќе имаме извори 2025 година. Меѓутоа локални избори тоа се избори во коишто ќе видиме кој како стои и каде стои, истакна Арбен Таравари.

На новинарско прашање за уставни промени, Таравари рече дека е оптимист дека ќе се најде некое решение да се случат промени. На конгресот нема да се разговара за предвремени избори. ас/мд/

фото: Принтскрин на Фејсбук на Арбен Таравари 

Остани поврзан