• вторник, 05 ноември 2024

Алиу: Слободата на медиумите е цел кон која сите мораме да се стремиме

Алиу: Слободата на медиумите е цел кон која сите мораме да се стремиме

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Слободата на медиумите, независни и во служба на јавниот интерес, се цел кон која сите мораме да се стремиме и да соработуваме, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу по повод 3 Мај - Меѓународниот ден на слободата на медиумите. 

- Како министер за информатичко општество и администрација ја нагласувам непоколебливата поддршка за новинарите кои се трудат да ја откријат и да ја пренесат вистинската информација, да ја одиграат својата професионална улога на одговорен начин, вели Алиу. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан