• понеделник, 23 декември 2024

Алиоски: Најважно е да веруваме во себе и во тимот

Алиоски: Најважно е да веруваме во себе и во тимот
Букурешт, 15 јуни 2021 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација в четврток (17 јуни) ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, противник е Украина. Езѓан Алиоски на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за очекувањата од овој дуел. - Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги коригираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина. Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитет да постигнеме два гола дури и да сме во негатива. Најважно е да веруваме во себе и во тимот, истакна Алиоски. Средбата ќе се игра на „Национална арена Букурешт“. зс/

Остани поврзан