• вторник, 24 декември 2024

Алиев: Сакаме мировен договор со Ерменија

Алиев: Сакаме мировен договор со Ерменија
Баку, 18 мај 2022 (МИА) – Азербејџан сака нормализирање на односите и потпишување на мировен договор со Ерменија, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на средбата со литванскиот колега Гитанас Науседа. - Нашиот став е многу отворен. Сакаме да потпишеме мировен договор со Ерменија. Сакаме да ги нормализираме односите и да ја затвориме страницата на непријателството, посочи Алиев. Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на средбата на 6 април во Брисел, на која присуствуваше и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, им беше наложено на министрите за надворешни работи да почнат со подготовките за мировни преговори. ми/

Остани поврзан