• среда, 08 јануари 2025

Алиев: Несреќата на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ немаше да се случи доколку се почитуваа правилата

Алиев: Несреќата на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ немаше да се случи доколку се почитуваа правилата

Баку, 6 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави денеска дека несреќата на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што на 25 декември се урна во близина на казахстанскиот град Актау, при обид за принудно слетување, кога загинаа 38 лица, немаше да се случи доколку се почитуваа сите правила на копнените служби, како и правилната координација меѓу вооружените сили и државните служби.

„Државата Азербејџан отсекогаш ги ценела активностите и херојството на своите синови и ќерки“, рече Алиев на средбата со семејствата на членовите на екипажот кои ги загубија животите и со преживеаните членови на екипажот на авионот.

Тој истакна дека и овојпат е оддадено признание за херојството на екипажот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан