• понеделник, 23 декември 2024

Албански новинар тврди дека Дендијас е Албанец и е братучед на Рама

Албански новинар тврди дека Дендијас е Албанец и е братучед на Рама
Тирана, 21 октомври 2020 (МИА) – Во емисијата „Опен“ на Топ чанел телевизија посветена на посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, стана збор и за неговото албанско потекло. Новинарот Ариан Чани рече дека во селото Вуно кај албанскиот приморски град Валона постарите жители тврдат дека тој потекнува токму од ова село. -Грчкиот министер за надворешни работи Дендијас е Албанец од Вуно. Неговата фамилија претходно се презивала Деде, рече Чани. Според него постарите жителите уште тврделе дека Дендијас е братучед на премиерот Еди Рама, бидејќи, како што вели, неговата мајка потекнува од селото Вуно. Исто така беше речено дека веста за албанското потекло на Дендијас циркулирала и во грчките медиуми. вт/

Остани поврзан