• понеделник, 23 декември 2024

Акција за чистење на поширокото централно градско подрачје на Скопје

Акција за чистење на поширокото централно градско подрачје на Скопје

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје започна повеќедневна акција за чистење на поширокото централно градско подрачје, информираат од ова претпријатие.

- Во текот на денешниот ден, активностите се одвиваат во реонот на Владата, а ќе продолжат на булеварите „Гоце Делчев“, „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“ и „Никола Карев“, сè до кружниот тек на улицата „Беласица“. Екипите на претпријатието спроведуваат рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини, а воедно се врши и отстранување на дивите депонии, појаснуваат оттаму.

Во акцијата ќе учествува и ЈП „Паркови и зеленило“. бд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан