• вторник, 05 ноември 2024

Акции за собирање кабаст отпад во Куманово

Акции за собирање кабаст отпад во Куманово
Куманово, 1 јуни 2021 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово наредните две саботи ќе организираат акции за собирање кабаст отпад, информираа денеска надлежните од „Чистота и зеленило“.
Првата акција за собирање ќе се одржи на 5 јуни, Светскиот ден на животна средина.
- Предвидено е да има три локации каде ќе се собира отпадот, на пункт поставен на паркингот пред Градскиот затворен базен во Куманово, вториот пункт ќе биде поставен на паркингот пред поранешната фабрика ЧИК и третиот кај локалитетот „Кошеви“ во населбата Гоце Делчев. Ќе бидат поставени големи контејнери, изјави директорката на „Чистота и зеленило“ Цветанка Ивановска.
И наредната сабота ќе се организира уште една акција, односно на 12 јуни. И двете акции ќе почнат од  7:00 до 11:00 часот . Акцијата, велат надлежните, не предвидува собирање на градежен шут и отпад. ад/мд/

Остани поврзан