• петок, 22 ноември 2024

Аксел Ахмедовски реизбран за претседател на Партијата за демократски просперитет на Ромите

Аксел Ахмедовски реизбран за претседател на Партијата за демократски просперитет на Ромите

Делчево, 21 април 2023 (МИА) - Партијата за демократски просперирет на Ромите денеска во Делчево го одржа првиот конгрес на кој беше избрано новото раководство на партијата. За Претседател на партијата повторно е избран досегашниот претседател Аксел Ахмедовски, додека потпретседателското место му припадна на Аки Акиов, кој во моментот ја извршува функцијата советник во кочанскиот Совет.

И двајцата едногласно ја добија довербата од присутните делегати на партијата. По изборот Ахмедовски им се заблагодари за укажаната чест и добиениот втор мандат да биде на чело на партијата, и за повторниот избор на Акиов за потпретседател.

Во својот говор Ахмедовски се осврна на идејата за основање на партија формирана пред четири години со главна цел преку партиско-политичко делување да се излезе во пресрет на правата граѓаните не само од ромската заедница туку и на сите оние кои се под посебен социјален ризик.
 
-По самото формирање, партијата зеде учество во неколку изборни циклуси и даде свој огромен придонес како за претседателските така и за парламентарните и локалните избори. Придонесот е особено значителен за време на парламентарните избори кога сегашното мнозинство, односно владејачката гарнитура ја освои власта, и искрено се надеваваме дека Министерството без ресор надлежно за спроведување на Стратегијата за Роми ќе опстои, но за жал владејачката гарнитура решава да го укине ова значајно и суштински битно место за ромскиот етникум и со тоа сме оневозможени да имаме директно учество во креирањето на политики од интерес на ромската заедница, рече Ахмедовски.
 
Од тие причини, додаде, во периодот што следи како партија ќе се залагаат за повторно активирање на ова тело со алтернатива да се формира сектор во склоп на Министерството за политички систем со степен на автономност. Старо-новото раководство очекува стекнатото претходно политичко искуство во иднина поуспешно да се искористи за застапување на интересите на ромската заедница преку приниципи на отвореносат, инклузивност и посветеност. вс/вг/
 
Фото: МИА

Остани поврзан