• среда, 03 јули 2024

Академија Пандев со победа, Шкупи со реми ги завршија подготовките во Анталија

Академија Пандев со победа, Шкупи со реми ги завршија подготовките во Анталија
Анталија, 31 јануари 2022 (МИА) – Победа и реми остварија македонските фудбалски прволигаши Академија Пандев и Шкупи на завршните контролни натпревари што денеска ги одиграа во Анталија. Струмичкиот прволигаш убедливо ја совлада софиска ЦСКА со 4:0 (1:0) со головите на Пандев, Бакар, Димоски и Ѓорѓиев. За Академија Пандев ова беше премиерниот триумф на подготовките в Анталија, откако претходно одигра нерешено против Нови Пазар (1:1) и Крилија Советов (0:0), додека загуби од Лјапи со 0:2. Есенскиот шампион Шкупи ги заокружи подготовките во турскиот тренинг центар одигрувајќи нерешено 2:2 против Ахмат Грозни Стрелци за скопскиот прволигашот беа повратник Омер Имери и Марко Ѓорѓиевски, додека Фреди Алварез во вториот дел не реализира пенал за Шкупи.ег/бт/

Остани поврзан