• петок, 22 ноември 2024

АИ бараат итно дислоцирање на барателите на азил од островите во другите делови на Грција

АИ бараат итно дислоцирање на барателите на азил од островите во другите делови на Грција
Атина, 17 февруари 2020 (МИА) - Прашањето за мизерните услови за живот и несигурноста во која живеат 19.000 лица во кампот Мориа на Лезбос и 7.000 во Вати на Самос, како и загриженоста за ситуацијата на островите, ги поставиле претставниците на Европската регионална канцеларија и претставништвото во Грција на „Амнести интернешнл“ (АИ) на денешната средба со Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, јави дописничката на МИА од Атина. Истражувачки тим на организацијата, како што соопштуваат, во изминатите денови бил во посета на Лезбос и Самос, „каде што ги регистрирале неприфатливи услови за живот“, преку сведочењата на барателите на азил и бегалците и мигранти „кои што се принудени да престојуваат во неформалните кампови кои постојано се прошируваат“. - За време на средбата, делегацијата од организацијата го претстави цврстото барање за воспоставување на ефикасен механизам на солидарност за барателите на азил во Европа и ја истакна потребата за итна поддршка на Грција. Организацијата повикува на пренесување на луѓето од неприфатливите услови на пренатрупаност и напуштеност со кои се соочуваат островите во Егејско Море и бара итно преместување во соодветни простори за сместување во други делови на земјата, соопшти АИ по средбата со надлежниот министер. ср/ми/

Остани поврзан