• понеделник, 20 мај 2024

Адебајор ја заврши фудбалската кариера

Адебајор ја заврши фудбалската  кариера

Лондон, 21 март 2023 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Арсенал, Манчестер сити и Реал Мадрид, Тогоанецот Емануел Адебајор, објави денеска се повлекува од фудбалот на 39-годишна возраст.

Збогувањето со фудбалот Адебајор го објави на социјалните мрежи со порака дека неговата професионална спортска кариера била неверојатно патување.

„Ви благодарам мои обожаватели што ме следевте на секој чекор. Се чувствувам толку многу благодарен за сè и во исто време возбуден поради тоа што доаѓа“, порача поранешниот репрезентативец на Того.

Адебајор во 2008 година беше прогласен за најдобар африкански фудбалер, а пет години во низа ја добиваше награда за најдобар фудбалер во својата земја.

Кариерата ја почна во Мец, по што ги носеше дресовите на Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Кристал Палас, Башакшехир, Кајзериспор, а кариерата ја заврши во тогоанскиот клуб Семаси. ег/сд/

Остани поврзан