• понеделник, 06 јануари 2025

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Белград, 11 декември 2024 (МИА) - Адвокатите во Србија денеска ја прекинаа работата поради незаконскиот начин на донесување и усвојување измени на Кривичниот законик, без соодветно учество на правната професија, селективно гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, како и селективно гонење на учесниците на протестите во тој град, јавија српските медиуми.
Причините за суспендирање на работата на адвокатите се систематското и долгогодишно мешање на извршната власт во работата на судството и кршењето на принципот на поделба на власта во едно демократско општество.

Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија на 5 декември донесе едногласна одлука за прекин на работата на 11 декември. зш/

Остани поврзан