• петок, 22 ноември 2024

АГРО синдикат и ССМ: Штрајк во АД „Водостопанство“ ако не се исплатат заостанатите плати

АГРО синдикат и ССМ: Штрајк во АД „Водостопанство“ ако не се исплатат заостанатите плати
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Работниците во АД „Водостопанство“ се два месеца без плата, а од 1. месецов немаат ниту здравствено осигурување. Доколку нема исплата револтот наскоро може да премине во штрајк, кој ќе значи и проблем со водоснабдувањето на земјоделските површини и посевите, особено во овој период кога е најпотребно, информирале денеска од АГРО Синдикатот и Синдикалната подружница на АГРО Синдикатот при АД Водостопанство на средба во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). - Работниците се принудени наместо да ја извршуваат својата работа, да се борат за својата егзистенција и во наредниот период не е исклучена можноста да се донесе Одлука за почнување на  постапка за спроведување на штрајк во АД Водостопанство, а пред спроведување на процедурите за организирање на штрајкот не е исклучен ниту друг притисок на изразување на работничко незадоволство, наведоа во заедничко соопштение АГРО Синдикатот и ССМ. Покрај неисплатените плати, дополнуваат, работниците се соочуваат и со други организациски проблеми поврзани со нормалното и непречено работење на АД Водостопанство за кои дополнително ќе се бара решение од Владата, која е единствен акционер на Акционерското Друштво „Водостопанство“. лв/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан