• сабота, 23 ноември 2024

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Ќе продолжиме да делуваме проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Ќе продолжиме да делуваме проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Денешниот ден, под мотото „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има за цел да ја зголеми свесноста за улогата на новинарите и медиумите во промовирање на демократијата и на човековите права и да потсети дека без слобода на медиумите нема слобода на изразување, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 

- Според последниот извештај на Репортери без граници за 2023 година, Македонија бележи значајно подобрување на полето на слободата на медиумите, но и понатаму има предизвици со кои треба да се справи. Во таа насока, Агенцијата како и досега ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите, се подвлекува во соопштението.

Се додава дека Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува по 30-ти пат и претставува потсетник за владите и организациите да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување, предвидено со член 19 од Универзалната декларација за човекови права на ОН. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан