• петок, 05 декември 2025

Авторката Габриела Милкова-Робинс учествува на фестивал на книгата во Единбург

Авторката Габриела Милкова-Робинс учествува на фестивал на книгата во Единбург

Скопје, 11 август 2025 (МИА) - Авторката Габриела Милкова-Робинс, која твори на македонски и на англиски јазик, ќе учествува на меѓународниот фестивал на книгата во Единбург (Edinburgh International Book Festival), соопшти издавачката куќа „Метаноја“.

Таа вечер ќе учествува на настан „Нашите мајчини јазици“ (Our Mother Tongues) и ќе се  претстави со песни на англиски јазик „кои се инспирарани од македонските народни песни и дел од нив ќе ги инкорпорира во нејзината поезија“.

Во рамки на настанот  ќе биде претставена двојазичната поема „The Peak of Tonight“  (Врвот на ноќта) објавена во 2016 од издавачката куќа „Метаноја“.

На фестивалот во Единбург Габриела Милкова-Робинс е поканета од Питер МакКеј кој твори двојазично - на својот мајчин јазик гејлик (gaelic) и на англиски.

-Питер МакКеј  ја одбележува инаугуралната година како поет лаурет на Шкотска. Покрај други поети кои творат двoјазично, МакКеј ја покани Габриела Милкова-Робинс да учествува со своја поезија, се наведува во соопштението од „Метаноја“. хс/дма/

Фото: Метаноја 

 

Остани поврзан