Автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред
- Поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Скопје, 23 октомври 2020 (МИА) - Поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.
- Во петок и во недела, дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19:30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, соопштуваат од ЈСП. фф/ац/