• сабота, 23 ноември 2024

Австрија од април ќе воведе ковид-пасош

Австрија од април ќе воведе ковид-пасош
Виена, 17 март 2021 (МИА) - Австриската Влада на денешната седница донесе одлука во следните денови да биде изработена правна рамка за проектот наречен зелен пасош, со кој ќе биде овозможено слободно патување. Австрија сака уште во април луѓето кои ќе ја посетат земјата да приложат доказ за вакцинација, негативен тест или дека прележале Ковид-19. Додека Европска комисија сака новиот дигитален ковид сертификат да воведе од 1 јуни. Австрија, чија економија во голема мера се потпира на туризмот, иницираше воведување на ковид пасош во Европска Унија. ми/

Остани поврзан