• сабота, 23 ноември 2024

Австрија на Брисел му пријави буџетски дефицит од 30,5 милијарди евра

Австрија на Брисел му пријави буџетски дефицит од 30,5 милијарди евра
Виена, 13 мај 2020 (МИА) - Австриското Министерство за финансии до Европската комисија пријави повисок буџетски дефицит од планираното. Буџетскиот дефицит за оваа година ќе изнесува околу 30,5 милијарди евра. Кризата поради пандемијата на коронавирусот предизвика голема „дупка“ во буџетот на Австрија, така што дефицитот ќе изнесува осум проценти од БДП. Во март, нацрт-буџетот предвидуваше дефицит од само еден процент од БДП. Причина за големиот дефицит се расходите во висина од 19 милијарди евра на основа на пакетот помош поради кризата со коронавирусот, зголемувањето на трошоците поради невработеноста, но и намалените приходи за околу 11,5 милијарди евра. јт/

Остани поврзан