Австралија и Јапонија ќе ги интензивираат заедничките воени вежби
- На денешната средба помеѓу австралиските министри за надворешни работи и за одбрана, Пени Вонг и Ричард Марлес со јапонските колеги Јоко Камикава и Минору Кихара постигнат е договор за интензивирање на заедничките воени вежби
Канбера, 5 септември 2024 (МИА) – На денешната средба помеѓу австралиските министри за надворешни работи и за одбрана, Пени Вонг и Ричард Марлес со јапонските колеги Јоко Камикава и Минору Кихара постигнат е договор за интензивирање на заедничките воени вежби.
Договорот уследи по неодамнешните упади на Кина во воздушниот простор и територијалните води на Јапонија.
На средбата се разговараше и за заедничката поддршка на мирот и стабилноста во Тајвански Теснец и загриженоста за се поагресивните територијални претензии на Кина во Јужно и во Источно Кинеско Море.
Австралија идната година првпат ќе учествува во „Ориент шилд“ (Orient Shield), најголемата годишна вежба на копнените сили на САД и Јапонските копнени сили за самоодбрана.
Австралија и Јапонија, исто така, планираат да ја вклучат амфибиската бригада за брзо распоредување на Јапонските сили за самоодбрана во овогодишните вежби на американските маринци во австралискиот град Дарвин. ми/
фото: ЕПА