• понеделник, 29 јули 2024

Аврамовиќ од КК Бравадос освои второ место во Белград

Аврамовиќ од КК Бравадос освои второ место во Белград

Белград, 29 мај 2023 (МИА) - Љупка Аврамовиќ од клубот Бравадос викендот освои второ место на  дводневниот меѓународен коњички турнир во прескокнување на пречки „Отворено првенство на град Белград“.

 

Македонската натпреварувачка забележителниот резултат го оствари во категоријата -Амазонки со височина на пречките 1,20 м. ширина 1,40 м.

 

Аврамовиќ на турнирот во Србија настапи со грлото Колпо Гросо. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан