• петок, 16 август 2024

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци и утре во Скопје

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци и утре во Скопје

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира и утре во раните утрински часови.

На веб-страницата на Град Скопје беше соопштено дека дезинсекцијата ќе се врши денеска и утре.

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата.

Од Град Скопје ги советуваа пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите. бд/са/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан