• понеделник, 23 декември 2024

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа

Абот: Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа

Приштина, 9 февруари 2024 (МИА) – Британскиот амбасадор во Косово, Николас Абот ги нарече нереални предупредувањата за можна војна во Косово, со оглед на поддршката што Косово ја има од своите меѓународни партнери, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за ТВ Клан Косова, Абот рече дека најверојатно нема да дојде до нов вооружен конфликт меѓу Косово и Србија, бидејќи, според него, на Србија ѝ е јасна позицијата на НАТО и меѓународната воена поддршка што ја има Косово.

- Кога ќе ја погледнете меѓународната воена поддршка што ја има Косово, верувам дека тоа веројатно нема да се случи. Мислам дека во Србија го гледаат односот на НАТО, односот на билатералните партнери и разбираат дека тоа претставува голема опасност. Можеме со часови да зборуваме за нивните цели, или за работите што би сакале да ги прават, но светот не функционира така, рече Абот.

Говорејќи за посетата на Косово на британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон, реализирана на почетокот на минатиот месец, британскиот змбасадор рече дека таа посета се случи во период на геополитички промени, а целта ѝ била да се даде порака дека Обединетото Кралство е силно ангажирано во регионот на Западен Балкан и во Косово.

Тој дојде во Косово, немаше други посети во регионот, не дојде да зборува за Косово и Србија, туку да разговара за Косово, бидејќи мислам дека ги гледа прашањата тука, ситуацијата за Косово и регионот, опасностите и заканите. Тоа значи дека треба да бидеме многу јасни во нашата поддршка, и мислам дека тоа е многу важно, бидејќи тој гледа поширок геополитички контекст за она што се случува на Западен Балкан, рече Абот. иа/ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан