• вторник, 13 август 2024

Абоди: ИОК не ја гарантираше безбедноста на спортистите

Абоди: ИОК не ја гарантираше безбедноста на спортистите

Рим, 12 август 2024 (МИА) - Италијанскиот министер за спорт и млади, Андреа Абоди смета дека Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не обезбедил безбедност на спортистите за време на Игрите во Париз во 2024 година.

„ИОК“ ги потцени условите и гаранциите за безбедност на спортистите. Ни требаат јасни и прецизни правила. ИОК го има последниот збор во организацијата на Игрите, изјави Абоди, цитиран од весникот „Ла Верита“.

Службеникот ги наброја сите контроверзни инциденти на Олимпијадата - од инцидентот со онлајн малтретирање на алжирската боксерка Иман Келиф која падна на половиот тест, па до незадоволителната состојба на реката Сена, каде што се одржуваа натпреварите во триатлон и пливање на отворени води.

Олимписките игри во 2024 година се одржаа во Париз од 26 јули до 11 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан