• понеделник, 23 декември 2024

АБНА со нова веб страница и ново лого, триесеттиот јубилеен собир на организацијата ќе се одржи во Софија

АБНА со нова веб страница и ново лого, триесеттиот јубилеен собир на организацијата ќе се одржи во Софија
Приштина, 19 септември (МИА) - На 29. Генерално Собрание на Асоцијацијата на новински агенции од балканот и југоисточна Европа АБНА-СЕ, што се одржа во Приштина, а чиј домаќин и организатор беше новинската агенција КосоваПрес, е утврдена нова веб страница на организацијата, ново лого и град домаќин за јубилејниот 30. собир што ќе се одржи во Софија. Со одлука на членките на АБНА, новинските агенции МИА-Скопје, БТА-Софија, АТА-Тирана, АНА-МПА-Солун...и други новински агенции од балканот и југоисточна Европа, в.д. директорката на хрватската информативна агенција ХИНА, Бранка Габриела Војводиќ е избрана за нов генерален секретар на АБНА. Македонската делегација предводена од генералниот директор на МИА, Драган Антоновски учествуваше и во креирањето на предлогот црногорската новинска агенција МИНА да биде избрана за членка на АБНА. За учесниците на регионалната конференција на АБНА која тематски беше посветена на улогата на новинските агенции во ковид и постковид период, беше приреден прием кај косовскиот премиер Албин Курти. Формирана во 1995 година, АБНА-СЕ има цел да ја зајакне соработката меѓу новинските агенции, нејзини членки и да овозможи да се зајакне атмосферата на мир, пријателство, безбедност и соработка на Балканот и во Југоисточна Европа. мт/нд/  

Остани поврзан