• четврток, 15 август 2024

Абас во посета на Турција

Абас во посета на Турција

Анкара, 14 август 2024 (МИА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска ја почнува дводневната посета на Турција, при што се предвидени средби со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и други официјални лица.

Теми на средбите ќе бидат ситуацијата во Појасот Газа, хуманитарната криза во регионот и помош за раселените лица, како и преговорите за прекин на огнот.

Абас во Турција ќе допатува од Русија каде вчера имаше средба со претседателот Владимир Путин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан