• петок, 22 ноември 2024

Абазовиќ со порака до Србија и Косово: Обидете се со помирување, тоа е единственото решение 

Абазовиќ со порака до Србија и Косово: Обидете се со помирување, тоа е единственото решение 

Тирана, 26 септември 2023 (МИА) - Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот полицаец Африм Буњаку го оценува како трагедија и додава дека „без разлика колку е сериозна ситуацијата, единственото решение е помирувањето", јави Топ чанел.

Тој позитивно ја оценува самовоздржаноста на партиите, додавајќи дека „ситуацијата во неделата можела да оди на полошо“.

-Трагедија и продолжување на една катастрофална балканска политика... Сметаме дека политиката од 1990-тите мора да заврши. Значи, народите во овие земји се обидоа сè освен помирување, затоа мојот апел е и во однос на српскиот народ и во однос на албанскиот народ, конечно обидете се еднаш со помирување. Се пробавте, обидете се да се согласите, верувам дека ќе ви се допадне на сите, рекол тој. вт/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан