• петок, 22 ноември 2024

 Одвоени средби на министерот Муцунски со претставниците на УНДП и УН Жени, Григоријан и Ивановиќ-Кастареде

 Одвоени средби на министерот Муцунски со претставниците на УНДП и УН Жени, Григоријан и Ивановиќ-Кастареде

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија денеска оствари две одвоени средби со претставникот на УНДП, Армен Григоријан и претставникот на УН Жени, Весна Ивановиќ-Кастареде.

На средбата со претставникот на УНДП, Армен Григоријан, како што информираат од МНР соговорниците се осврнале на иницијативите и активностите на УНДП во повеќе области, како што се социјалната инклузија, родовата еднаквост, подобрување на позицијата на младите, заштита на правата на лицата со попреченост и овозможување на нивна сеопфатна интеграција во општествениот живот, децентрализацијата, како и зајакнувањето на институциите, локалниот развој, животната средина и климатските промени.

Муцунски се заблагодарил за досегашната соработка и истакна дека владата особено го цени активниот придонес на УНДП кон севкупниот социо-економски развој на земјата и досегашната одлична соработка и партнерство со македонските институции во повеќе области.

На средбата со претставникот на УН Жени, Муцунски, се вели во соопштението, истакнал дека приоритет на владата останува унапредување на родовота еднаквост и унапредување на правата и статусот на жените, поради што особено важна е тесната соработка со Канцеларијата на ОН Жени за реализирање на ОРЦ 5 од Агендата 2030.

Притоа, Муцунски изрази задоволство од досегашната севкупна соработка со Канцеларијата на ОН Жени, при што истакна дека Владата останува посветен партнер на Обединетите нации и сите нејзини агенции, а МНРиНТ ќе продолжи да придонесува за унапредување на положбата на жените на национално и глобално ниво. 

На двете средби, информираат од МНР, соговорниците ја потврдиле одличната соработка и се осврнаа на имплементацијата на активностите што следат во идниот период. аа/са/

Фото: МНР

Остани поврзан