• сабота, 18 мај 2024

Зеленски слета во Вилнус

Зеленски слета во Вилнус

Вилнус, 11 јули 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во Вилнус, каде што лидерите на земјите-членки на НАТО треба да разговараат за можното членство на Украина во Алијансата.

Украинскиот претседател на Твитер напиша дека не гледа „подготвеност ниту за повик на Украина во НАТО, ниту да се направи членка“.

На самитот присуствуваат и други украински функционери, меѓу кои и министерот за одбрана на земјата Олексиј Резников. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан