• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песков: Путин испрати порака до лидерот на Сирија со поддршка на напорите за стабилизирање на земјата

Песков: Путин испрати порака до лидерот на Сирија со поддршка на напорите за стабилизирање на земјата

Москва, 20 март 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара, со поддршка на напорите за стабилизирање на земјата, соопшти Кремљ.

- Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до шефот на сириската држава Ахмед ал Шара, во која ги поддржа напорите за што поскоро стабилизирање на ситуацијата во земјата во интерес на обезбедување на нејзиниот суверенитет, независност, единство и територијален интегритет, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, во пораката до Ал Шара, Путин ја потврдил и подготвеноста на Русија да развие практична соработка со сириското раководство за сите прашања на агендата.

- Потврдена е непоколебливата подготвеност на Русија да развие практична интеракција со сириското раководство за целиот спектар на прашања од билатералната агенда со цел зајакнување на традиционално пријателските руско-сириски односи, рече Песков. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан