• четврток, 02 јануари 2025

Бериша ја отфрли подадената рака на Рама за дијалог: Со кого ќе разговара главните лидери на опозицијата се во затвор

Бериша ја отфрли подадената рака на Рама за дијалог: Со кого ќе разговара  главните лидери на опозицијата се во затвор

 
Тирана, 1 ноември 2024 (МИА) – На повикот на премиерот Еди Рама до опозицијата да седнат на дијалог, лидерот на опозицските демократи Сали Бериша, му одговори дека „нема дијалог зашто главните лидери на опозицијата се во затвор“.
Бериша, кој е во притвор, во видео прес-конференција рече дека тоа е лицемерието на Рама.  

-Со пратеник и заменик координатор на пратеничката група во затвор, зошто им ја кажа вистината на Албанците. Со лидер на партија во домашен притвор а друг во затворски притвор, со ваквиот предлог за дијалог не прават ништо друго освен оправдување на диктатурата. Но, ние сме цврсто определени на нашиот отпор. Значи каков дијалог бара Еди Рама, верувам дека јасно покажува со затворањето на главните лидери на опозицијата, рече Бериша.

Рама претходно, на новинарско прашање,  изјави дека е подготвен за дијалог со опозицијата, но оти „дискусијата треба да биде преку јазик а не со мускули“.
-Се согласувам за дијалог, но за танго потребни се двајца. Кој денеска е за дијалог? Многу е едноставно! Кој не е за дијалог? И тоа е многу едноставно. Нема со кого да разговарам. Кога бевме во опозиција проблемот беше што власта не се согласи да разговара со нас, додека од првиот ден до денес, кога сум јас на оваа функција никогаш не било проблем власта да седне на маса и да дискутира, но дискусија преку јазик, не со раце и мускули, изјави Рама.
Бериша остро го осуди инцидентот со европратеникот Фреди Белери, врз кого жител на Тирана, кој подоцна беше приведен, гаѓаше со јајца и јогурт, кога тој влегуваше во албанскиот парламент, како дел од делегацијата на Европскиот парламент за проверка на пристапниот процес на Албанија, нарекувајќи го „планирано сценарио од нарко државата“. вт/
Фото: Бериша ФБ

Остани поврзан