• петок, 22 ноември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
23 јануари 2020 Верувања и суеверија За јудите, самовилите и виулиците У нас шчо нешчо се јудите, не знајеет. Само во устите на старите жени понекогаш се слушат речта: Јуда и Клада. Така за некоја голема и снажна жена велеет: „Како некоја јуда или клада“. А за самовилите вервеет да се некакви женски невидими духои со врхчоечески сили, некакви божества. За ними кажвеет оту ношјо, во глуо доба, свиреле секакви свирби, играле оро, хем се м’чеет некои да докажеет оти сами со своите уши и слушале. Така и виулиците биле божества на ветроите. И тије ношја свиреле. Кога да свирит некоја ветрушка велеет: се терале самовилите или виулиците. Змеј и ламја Во Скопје населението верува дека постојат змејови и ламји, дека тие се во постојана борба летно време едните со другите; дека првите од нив се чуварите на сеидбите, а другите, нивните разрушители. Според верувањето како змејот, така и ламјата се раѓаат од луѓе, првиот од добри и богоугодни родители, а ламјата напротив – од некој угурсузи, зли. Змејот е машко дете, а ламјата – момиче. Тие имаат крилца под мишките, но само праведните луѓе можеле да им ги видат. Како змејот, така и ламјата се носеле во стомакот на мајка си не девет месеци како што е обично, а 15, 18 или и 20 месеци. Населението зборува со симпатии за змејовите, а ги мрази ламјите. Улогата на змејот и на ламјата е следнава: Летно време, обично кога житата растат и пред жетва штом времето се расипе и започне да грми и да паѓа дожд, тогаш ламјата (била таа уште детенце во лулка ли возрасна жена), како пакосница заспива, и духот нејзин тргнува во нивите, за да го сосипува житото. Во истото тоа време и змејот (уште дете или веќе маж), за да го сочува бериќетот, и тој исто така заспива, а духот негов ќе појде да го проследува духот на ламјата. Штом тие два духа се сретнат, - каде и да било тоа, - започнува ужасна борба меѓу нив. Ламјата се бои од змевот и, штом го види или усети, таа полетува во облаците, но и змејот не ја остава на мира, туку ја проследува додека ја стигне и ја смачка од ќотек и ја натера да се врати дома. Во времето кога станува таа борба, тогаш највеќе грми и светка. Се верува уште, дека ако некој би го превртил или преместил детето – змејот, кога спие, и духот му е во облаците, тоа, кога ќе се вратело, не ќе можело да си го познае своето тело, и во таков случај змејот умирал. Во времето, кога станувала борбата во облаците и по нивјата, телото на заспаниот змеј се обливало само во пот и од седне детето – змеј се чувствувало уморено два-три дена на ред. Самовили Самовилите во Скопје ги наречуваат: самоили и самовили, а некои и мајки (како што покажува изреката: го земале мајките, кога се сака да се каже за некого дека е чукнат или дека се пореметил умствено некако од страв и сл.). Ние ќе ги наречеме тука со општото македонско име – самоовили. Според верувањата во Скопје, самовилите прават големи зла и пакости на човештвото и дење и ноќе. Според тие верувања, самовилите ноќно време се собираат на некое многу вековно високо дрво, особено на некој брест или јасика, што се наоѓаат покрај пат и оттаму, посреде ноќ го примамуваат патникот што тука поминува претворајќи си го гласот и плачејќи како мало дете, или се смејат со висок глас, како моми, или пак свират слатко со некакви инструменти. Ако патникот се измами и отиде при дрвото, тие го алосуваат, и во таков случај се кажува за таков човек, дека го алосале мајките. Самовилите пируваат и играат ноќно време под дрвјата и куќните стреи. Ако се случи некој во тоа време да пушти вода под такво дрво или под стреата и со тоа да ја оскрнави нивната трпеза или самите нив, тие се расрдувале и го оградисувале. За ограда се сметаат разните болести, помеѓу кои попрво место држат разни видови ревматизам, надворешната – болест, - припаѓањето, епилепсијата и др. Затоа против таквите болести, наместо други лекови, се прибегнува до баења и разни бапски и суеверни лечебни средства. Кој излезе летно време по пладне, кога владее голема жега (а во Скопје летно време горештината честопати достига и до 32) – да се шета, возможно е и да се пострада, бидејќи тогаш самовилите излегувале на прошетка со цел да прават лошотии. Кога ќе се сретнат два противположни ветра и образуваат една висока колона од прав, што се врти околу себе си или стои на едно место по неколку минути и сетне се губи, или пак преминува со голема брзина, тогаш уште оддалеку луѓето гледаат да избегаат од таа колона и, како плукнат во пазувата си, повторуваат:„Медени, маслени.“ Во тој случај во Скопје населението верува дека тоа се самовилите, што играат и лудеат и, спрема тоа, тешко и горко на оној што ќе биде од нив тогаш фатен; тие ќе го дигнеле во облаци и потем ќе го фрлеле оттаму да го утепаат. Воопшто самовилите, според верувањето во Скопје, се страшни злотвори на човештвото и тие никогаш не пропуштаат прилика за да им сторат зла на луѓето. Стија Според верувањата во Скопје, стијата ја игра улогата на грчката митолошка сирена (сирина), само што не пее секогаш, како што се верувало за последниве. Стијата е еден вид жена со многу долги коси и таа живее во длабочините на неподвижни води при некои канари и оддалечено место, каде луѓето многу-многу не одат. Кога некој се капи во таква вода, стијата може да уплете косите си околу телото и особено околу нозете му и да го удави. Та затоа и луѓето од Скопје се пазат да се капат во реката Вардар, каде има вир или водата стои, се разбира зашто. (Истото верување за стијата постои и во Охрид и во Струга, а во овој последен град има и изрека што се употребува во вид на клетва од страна на жените, т.е. „Стија те стијосала“. Во Скопје, над калето, далеку од градот половина час, има едно место на р. Вардар што се вика „Вражиј вир“. Се верува дека таму има стија. А не може ли секој да разбере какво е местото таму од името „Вражиј вир?“ (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан