• недела, 22 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
6 ноември 2020 Народни обичаи Обичаи в висока и на други дела од армасање до обратките Кога се љубат јунак и девојка јунакот ќе пушти просци да му ја просат девојката, не само еднаш туку многу пати. И веќе од много просење ќе му ја дадат, зашто една девојка ако не ја просат много и наеднаш да ја дадат, таја девојка нема ихтибар. И откако ќе се сврши таја работа, тогаш од јунакот ќе врзат една китка, ќе ја варосаат со фарак и четири пет алтани и еден прстен од стребро, и еден од мед и една шамија и една везена риза, и ќе кладат на еден ленгер малко ририф; тие нешта со ракијата се собираат тринаесет. И колко родинни има јунакот, да ги калеса, и тие ќе дојдат. Тогаш ќе кинисаат сите мажи да одат на девојкината куќа. Ако има јунакот татко, татко му ќе го земе лангерот сос нештата и крондирот сос ракијата. Тогаш вели на домашните: „Остаете с здрави!“ Тогаш ќе тргнат еден на друг да си речат: „Добар п’нт и амин.“ Пак од девојкината страна девојкините роднини ќе се соберат ќе фатат да врзат прво за јунакот една китка и други много китки. И така ќе ги дочекаат сватовите. И сватовите ќе дојдат на девојкини порти. И портите се отворени да дојдат у дома. „Добро вечер! Добро ви најдохме“ И они одговараат: „Дај Бог добро! Добре ни дојдохте!“ Така прави бакнуваат рака еден на друг и си прават место. Седнуваат сватовите, и таткото на девојката со нив: без да пијат, прво збор чинат колко години ќе се чекаат. И зборот се чини за три години. Тогаш ќе станат прави двата сватови, ќе ги извадат капите накаде сончевиот изгрев, да се прикријат три крстови и еден на друг да се бакнат рацете, и да си ги менат нишаните. Тогаш ќе седнат сите, им велат: „Чистита ви сватови“, и од двете страни. Тогаш ќе постелат тавла пред нив од девојкините страни и бљуда со рираф, за да фатат да пијат ракија. Прво ќе фати сватот, на јунакот татко му чашата на раката да му вели: „Е, здрави! Добре ви најдох, свато,да са здрави и живи, да му и чистито! Хаирли и кадемлии да видат здравичкава!“ И така ја пие чашата. Слично ќе минат сите што тамо ќе се најадат. После пиењето ќе излезе еден од девојкините роднини или брат, или братучед. Ќе земе прво лингер сос китките на сите сватови ќе им подари по една китка, после китките и по една шервета и ќе ја остави честината пред сватовите. И сватовите ќе метнат дар, таткото ќе метне алтан, а другите кој грош кој ирмилак спроти обичајот. После тоа ќе пијат по еднаш од јуначката ракија и ќе станат веќе да си појдат. Тогаш на оној лингер во кој се алтаните, прстењето, шамијата и другите нешта пак од девојката. ќе стават едно благо и китката и една шервета или чевре за јунакот и еден сребрен прстен, и ракијата ќе ја разбркаат. Тогаш пак бакнуваат рака еден на друг велејќи: „Останете с здрави!“ И тие им велат: „Сос здрави да си појте, добар п’нт, кланенти да заневати на сваќата и на јунако и на другите!“ И кога ќе излезат сватовите од девојкината порта ќе викнат сите три пати: „И-ху-ху! Тогаш и пиштоли метат, кој сака и пак насред патот викаат три пати: И-ху-ху. И така влегуваат во куќата со голема радост викајќи со сиот глас: „Добра ви најдохми!“ И на јунакот му ја даваат китката и му честитаат сите. И така ќе седнат сите и веднаш ја курдисуваат трпезата, пак ракија пијат, по ракијата пак јадат, вино пијат песни пеат и ахент чинат цела ноќ. Ето, така се чини малок армас. В. На годината на четири панаири се чини повиш. Од годежот сетне ќе дојде еден панаир, да речеме Богородичин ден. Тогаш пак јунакот ќе ги викне роднините му. Ќе соберат десетина жени да појдат на повиш, да однесат една за папучи, скахуни, шамии две, фес, ририф, еден крондир вино и една ракија и алтаните. Секоја жена по едно нешто ќе земе во раката и ќе кинисат. Тогаш јунакот на сите жени им бакнува рака и на секоја и дава по неколку пари. И жените кога ќе дојдат во девојкината куќа се ракуваат со девојкините роднини , прават здраво-живо и седнуваат неколко часа дури да испијат по едно кафе. И пак стануваат и сите влегуваат во другата одаја, дека е онаа девојката годеница. Тогаш девојката на сите жени им бакнува рака, и жените и ги даваат оние пари, што јунакот им ги дал. И неколко церемонии прават тамо и пак се враќаат во јунаковата куќа со оние дарови, што им ги подари девојката на жените, го донесуваат дарот за јунакот од девојката. Така чинат и на Божикден, слично и на Сирната недела алва носат, така и на Великден колак со црвени јајца. Колко години ќе стојат годени секоја година на тие панаири се повиш се носи. Г. Пред една недела или еден месец да пуштат абер за бракот да се чинат азар. Тогаш една недела напред папучлук ќе отсечат. Според записите на Стефан Верковиќ. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан