• сабота, 28 септември 2024

Во Штип конференција „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“

Во Штип конференција „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“

Штип, 18 јуни 2024 (МИА) - Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) - Штип денеска трет пат организира конференција посветена на децентрализацијата и граѓанското учество во креирањето на локални политики, насловена „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“.

Фокусот на годинашнава конференција, соопштија од Фондација за развој на локалната заедница - Штип, е ставен на резултатите од новото истражување за  вклученоста на граѓаните во креирањето на локалните политики, донесувањето одлуки и фискалната децентрализација и капацитетот на единиците на локалната самоуправа за управување на јавните средства и вклучување на граѓаните. 
 
Конференцијата има за цел да ги собере претставниците од единиците на локалната самоуправа, Министерството за локална самоуправа, граѓанското општество и експертската јавност и да понуди платформа за дискусија, оцена и евалуација на процесот на децентрализација и механизмите за граѓанско учество. цр/са/

Фото: Фондација за развој на локалната заедница (ФРЛЗ)

Остани поврзан