• сабота, 21 декември 2024

Mеџити: Дирекцијата за заштита и спасување се реформира, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста

Mеџити: Дирекцијата за заштита и спасување се реформира, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста

Скопје, 1 ноември 2024

Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Денеска денес ја посети Дирекцијата за заштита и спасување, каде беше пречекан од директорот Џеват Селами.

Директорот Селами на состанок на кој присуствуваше раководството на дирекцијата информираше за секојдневните активности што ги презема оваа институција.

Првиот вицепремиер Меџити ја пофали работата на оваа дирекција, за која изјави дека одигрува многу важна улога во брзите и ефективни одговори на различните кризи кои ја погодија државата, ја има и ќе ја има континуираната поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Спроведувањето на мерки за заштита на граѓаните од природни и вештачки ризици, идентификување и анализа на ризици кои можат да влијаат на безбедноста на граѓаните и инфраструктурата, се дел од главните задачи на оваа дирекција, и овие активности се превземаат многу успешно' рече Меџити, додавајќи дека  нивната реализација бара координација на активностите и тесна соработка со централните и локалните институции, како и со релевантните организации за да се обезбеди ефективен одговор на кризите.

Меџити изјави дека Дирекцијата за заштита и спасување започнала сериозна агенда за реформирање на сегашниот систем, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на својата дејност, со целосна посветеност да им служи на граѓаните.

Канцеларија за комуникација со јавност

Министерство за животна средина и просторно планирање 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан