• петок, 22 ноември 2024

„Инцидент“ со авионот на Пенс

„Инцидент“ со авионот на Пенс
Вашингтон, 23 септември 2020 (МИА) – Авионот со кој патувал американскиот потпретседател Мајк Пенс бил принуден да се врати на аеродромот во Манчестер во државата Њу Хемпшир откако удрил во птица по полетувањето, соопшти Белата куќа. Пенс бил на пат кон Вашингтон по предизборен митинг во градот Гилфорд. Висок службеник на американската администрација, кој сакал да остане анонимен, рекол дека потпретседателот и неговата придружба не биле во опасност. Пенс во Вашингтон се вратил со товарен авион кој Тајната служба го користела за транспорт на возила за време на неговото патување. јт/

Тагови

Остани поврзан