• петок, 05 декември 2025

Џејмс Харден ќе остане во Лос Анџелес Клиперс уште две години

Џејмс Харден ќе остане во Лос Анџелес Клиперс уште две години

Лос Анџелес, 30 јуни 2025 (МИА) - Ветеранот Џејмс Харден ќе потпише нов двегодишен договор од 81,5 милиони долари со Лос Анџелес Клиперс, објави ЕСПН.

Харден, кој ќе наполни 36 години пред почетокот на следната сезона, одигра 79 натпревари (сите како стартер) за тимот во сезоната 2024-2025 и имаше просек од 22,8 поени, 8,7 асистенции и 5,7 скока, иако неговиот процент на шут за три поени се намали од 38,1% претходната година на 35,2%. дс

Фото: Архива

Остани поврзан