• сабота, 18 мај 2024

Џефрис: Демократите нема да гласаат за смена на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џонсон

Џефрис: Демократите нема да гласаат за смена на претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џонсон

Вашингтон, 30 април 2024 (МИА) - Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес нема да го поддржат предлогот за смена на претседателот на овој дом, републиканецот Мајкл Џонсон, доколку тоа прашање дојде на дневен ред, изјави лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис.

-Демократите во домот ги ставаат луѓето над политиката и најдовме двопартиски јазик со традиционалните републиканци за да добиеме вистински резултати. Во исто време, демократите во Претставничкиот дом агресивно се спротивставуваат на екстремизмот на MAGA, и ние ќе продолжиме да го правиме тоа, рече Џефрис, пренесен од британските медиуми.

Акронимот MAGA е кратенка за слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again) што го користеше поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кампањата во 2016 година.

Од Клубот за слобода  на Претставничкиот дом, група екстремно десничарски републиканци кои лобираа за соборување на поранешниот републикански лидер Кевин Мекарти, изјавија дека не мислат дека таквиот потег ќе им користи на републиканците во Домот пред изборите во САД на 5 ноември.

Мекарти претходно беше сменет од позицијата републикански лидер на предлог на републиканската претставничка Марџори Тејлор Грин, откако тој изрази незадоволство поради одобрувањето на Конгресот за испраќање американската воена помош за Украина.

-Тоа што ѝ треба на земјата во моментов е функционален Конгрес. Ни треба Конгрес кој работи добро, работи заедно и не ја попречува сопствената способност да ги решава проблемите, рече Џонсон. сд/

Остани поврзан