• петок, 17 мај 2024

Џака предупреди: Уште не сме шампиони, сетете се на Арсенал

Џака предупреди: Уште не сме шампиони, сетете се на Арсенал

Леверкузен, 4 март 2024 (МИА) - Еден од лидерите на Баер Леверкузен, Гранит Џака ги предупреди соиграчите дека се уште се далеку од титулата во Германија.

„Аспирините“ сензационално водат во поредокот со 10 бода предност пред Баерн Минхен. Покрај тоа, избраниците на Чаби Алонсо се уште немаат пораз во првенството.

И покрај сето ова, 31-годишниот швајцарски интернационалец има една работа на ум. Најмногу поради тоа што му се случи во Арсенал минатата сезона.

-Мораме да бидеме горди на нашата позиција, но сè уште ништо не е освоено - зборувам од моето искуство минатата сезона. Ние (во Арсенал) имавме сличен број бодови во однос на вториот тим и не ја освоивме лигата, така што го знам тоа искуство и го споделив со соблекувалната. 10 бодови се многу кога имаш уште 10 натпревари, но остануваат уште 30 бода што треба да ги освоиме, така што не е готово, изјави Швајцарецот. дс  

Фото: Фејсбук/Леверкузен

Остани поврзан