• среда, 24 јули 2024

Ќе се подобрува енергетската ефикасност на училишната зграда во беровско Двориште

Ќе се подобрува енергетската ефикасност на училишната зграда во беровско Двориште

Берово, 26 јули 2023 (МИА) - Ќе се подобрува енергетската ефикасност на училишната зграда во беровско Двориште. Активноста. како што информираа од Општината. ќе се реализира проект за изградба на фотоволтаична соларна централа, на зградата на подрачното училиште „Дедо Иљо Малешевски” во село Двориште.

-Со цел подобрување на  енергетска ефинасност на зградата на подрачното училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски” во село Двориште, извршниот директор на Фондација отворено општество Македонија, Љиљана Ристевска, го потпишавме Договорот за изградба на фотоволтаична соларна централа, на зградата на подрачното училиште на ООУ „Дедо Иљо Малешевски” во село Двориште. Целта на овој проект е овозможување на искористување на сончевата енергија и рационално користење на енергијата, создавање на енергетски институции и функционален образовен процес, информираа од Општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека ова е многу значајна инвестиција, која ќе донесе заштеда на електрична енергија во училиштето.

-Освен тоа со овој проект во значителни размери ќе ги намали трошоците и ќе овозможи создавање на  „Сончеви училишта” како што е и насловот на заедничкиот проект на ФООМ и Општина Берово, додаде Пекевски.

Инвестицијата за инсталирање на фотоволтаичната централа, за производство на електрична енергија од сончева енергија, на зградата на подрачното училиште ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во с.Двориште, е вредна 26.460 американски  долари. вс/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан