• недела, 22 декември 2024

Љутков: Македонскиот КИЦ во Загреб е мост за продлабочување на соработката со Хрватска

Љутков: Македонскиот КИЦ во Загреб е мост за продлабочување на соработката со Хрватска

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Културно-информативните центри имаат клучна улога во промоцијата на културата и традицијата на една држава на меѓународно ниво, како и за нивна поголема видливост и препознатливост во сите сфери на општественото живеење, порача министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб каде што беше пречекан од новоименуваната директорка, Мими Ѓоргоска-Илиевска.

Како што информираат од Министерството за култура и туризам, Ѓоргоска-Илиевска го запозна министерот Љутков со работата на Центарот, а го информираше и за активностите и проектите што оваа институција треба да ги реализира до крајот на годината. Министерот и директорката, која беше дел и од македонската делегација на средбата со хрватската министерка за култура и медиуми, Обуљен Коржинек, разговараа и за проширување на надлежностите на Центарот во функција на промоција на туристичките потенцијали на државава, како и во сферата на образованието и науката.

На средбата беше заклучено дека македонско-хрватските односи се на високо ниво, со што е обезбеден широк простор за продлабочување на соработката во сферата на културата и туризмот преку активностите на македонскиот КИЦ.

До крајот на годината во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб ќе се реализираат повеќе проекти, меѓу кои: проектот „Тоше во срцето на Хрватска“ на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески, изложбата на уметникот Владимир Темков ,,Вечер на македонскиот пејзаж во Загреб“,  концертот „Македониум 2“ на составот „Ин медиа рес“,... вј/лв/

Фото: Министерство за култура и туризам

 

Остани поврзан