Јужна Кореја ќе тестира 200.000 членови на верска заедница за коронавирус
- ужнокорејските здравствени власти соопштија дека планираат да направат тестирање кај повеќе од 200.000 членови на верската група Шинчеонџи, која е центар на епидемијата на коронавирус во земј
Јужна Кореја јави за десетиот смртен случај од вирусот наречен Ковид-19, додека Корејскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти за 144 нови случаи на заразени од коронавирус.
Голем број од новите случаи се забележани во југоисточниот град Даегу, каде што се наоѓа заедницата Шинчеонџи.
Јужнокорејскиот претседателот Мун Џае-ин ја оцени ситуацијата како многу тешка за време на првата посета на овој град од почетокот на епидемијата и рече дека идната недела ќе биде клучна во борбата против коронавирусот.
Водачот на верската група рече дека се согласил да ги даде имињата на своите членови на властите во Јужна Кореја.
Според локалните медиуми, нивниот број изнесува околу 215.000.
Владата ќе спроведе тестови за коронавирус кај сите членови, откако ќе го добие списокот.
„Важно е да се тестираат сите членови за да се спречи ширењето на вирусот и да се смири загрижената јавност“, се наведува во соопштение од Кабинетот на премиерот. паг/