• понеделник, 15 декември 2025

Јувентус може да изгуби 60 милиони евра ако не се пласира во Лигата на шампионите

Јувентус може да изгуби 60 милиони евра ако не се пласира во Лигата на шампионите

Торино, 25 март 2025 (МИА) - Јувентус ќе изгуби околу 60 милиони евра ако не успее да се квалификува за Лигата на шампионите, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“.

„Бјанконерите“ моментално се наоѓаат на петтото место во италијанското првенство, еден бод зад тимот на Болоња, кој ја зазема четвртата позиција на пет кола пред крајот на сезоната.

Судбината, не само на главниот тренер на торинскиот гигант, Игор Тудор, туку и на многу од играчите во тимот, зависи од нивниот евентуален пласман во Лигата на шампионите. Федерико Гати, Андреа Камбијасо, Даглас Луис, Вестон МекКена, Матија Перин и Душан Влаховиќ се дел од играчите чија иднина во Јувентус е сè уште непозната.

Има и други играчи во тимот кои не се задоволни со својот статус или со целите на тимот и исто така ќе сакаат трансфери по завршувањето на сезоната.

Во недела, „бјанконерите“ ја пречекуваат Монца во натпревар од Серија „А“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан