• понеделник, 23 декември 2024

„Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење на јавни површини

„Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење на јавни површини

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје информира дека продолжува акцијата за чистење на јавните површини во Скопје. Денеска се отстранети отпадоци од јавните површини на плоштадот „Филип Втори“, реонот на црквата „Св.Димитрија“, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите, платото пред Националната опера и балет и Филхармонија.

Во текот на утрешниот ден, активностите ќе продолжат на кејот „13-ти Ноември“.

- Преку акцијата за чистење во која учествуваат административците на претпријатието,  ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје има цел подигнување на свеста кај жителите на нашиот град дека секој поединец преку своето совесно однесување може значително да придонесе за одржувањето на хигиената и заштитата на животната околина, се вели во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден акцијата се одвивала во централното градско подрачје, на потегот од порта „Македонија“, улицата „Македонија“, до булеварот „Кирил и Методиј“ и Музејот на Град Скопје. мд/бак/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан