• вторник, 14 јануари 2025

ЈП „Комунална хигиена“: Се чисти снегот во сите скопски општини, отстранети неколку диви депонии

ЈП „Комунална хигиена“: Се чисти снегот во сите скопски општини, отстранети неколку диви депонии

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје изминатото деноноќие во три смени рачно и машински го чистеле снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини и во пешачките зони во централното градско
подрачје.

Како што информира  „Комунална хигиена“ - Скопје, во скопската општина Чаир биле спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, до ООУ „Васил Главинов“, „Славеј Планина“ - во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот „Крсте Мисирков“ – зад ТЦ „Мавровка“.

Во рамки на овие активности биле подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад. мд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан