• вторник, 17 декември 2024

ЈО: Идентификувано лицето кое подметнало четири пожари во Куманово, поведена истрага

ЈО: Идентификувано лицето кое подметнало четири пожари во Куманово, поведена истрага

Скопје, 10 деке3мври 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишник поради продолжено извршување на „тешки дела против општата сигурност“ предвидено според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ЈО, постои основано сомнение дека осомничениот на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело и со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот, при што настапила поголема имотна штета.

-Откако претходно во пластични шишиња набавил бензин од бензинска пумпа во Куманово, тој намерно предизвикал пожари на неколку локации во Куманово, каде запалил три патнички моторни возила и еден објект – фотокопирница која се наоѓа во состав на станбена зграда. Мотивите за извршување на делото се испитуваат, но исклучено е дека повод била меѓуетничка нетрпеливост. Доказите до овој момент не укажуваат на инволвираност и на други лица, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан